Претходна статија
Почнува реконструкцијата на фасади на станбени објекти во Аеродром
Следна статија
Се најдоа пари за изработка на проект за реконструкција на Офицерскиот дом во Битола

Ќе се реновира Музејот за изработка на оружје за време на НОВ во Скопје

Објавено на 08.02.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градот Скопје ќе го реновира Меморијалниот музеј на илегалните работници за изработка на оружје за време на НОВ. Музејот кој се наоѓа помеѓу Уставниот суд и зградата на АЕК ќе биде целосно саниран и опремен со нови инсталации, аудио и видео опрема, како и опрема за едукација. Тендерот за изведба на санационите работи беше распишан денес од Музејот на град Скопје, кој и досега управуваше со „Партизанската оружарница“. За претстојниот зафат веќе е изработен основен проект од фирмата „К2 Консалтинг“. Санационите активности ќе чинат околу 1,5 милиони денари. Градежните фирми треба да ги достават своите понуди за учество во тендерската постапка најдоцна до 20 февруари.

 

 

Меморијалниот музеј бил отворен за посетителите во 1980 година. Со музејските експонати е прикажано сеќавањето за илегалната работилница што служела за изработка на оружје за партизанските одреди, но и други експонати кои се поврзани со Народно-ослободителната борба.