Претходна статија
Брзата пруга Будимпешта - Атина како можен спас од Коридорот 4
Следна статија
Конкурс за изгледот на пет нови плажи на Охридското езеро

Ќе се реконструира трговскиот центар „Рамстор“

Објавено на 02.10.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Идејата за целосна обнова на трговскиот центар „Рамстор“, која што беше обелоденета во февруари годинава, наскоро ќе почне да се остварува во реалноста. Во изјава за Македонската телевизија, директорот Џеладин Џули ја најави модернизацијата на првиот затворен трговски центар во земјава. Предвидено е објектот да добие нови луксузни ресторани и кафулиња на горниот кат, модерна игротека, но и да се изведе нова тераса. Планираната модернизација значи трансформација на постоечкиот објект и воведување на нов концепт на работа.

 

##

 

 

На терен веќе почнаа да се реализираат градежните активности. Во наредните три месеци ќе се изврши целосна реконструкција, со која ќе се промени осветлувањето, ентериерот и влезните врати. Турскиот инвеститор вложување од околу 2 милиони евра, а како изведувачи ќе се јават неколку македонски компании. Трговскиот центар „Рамстор“ беше пуштен во употреба кон средината на јуни 2005 година. Објектот со приземје, кат и едно подземно ниво, се простира на површина од 25.000 метри квадратни. Во неговата изградба беа инвестирани 30 милиони евра, а градежните работи на терен започнаа на средината од 2004 година.