Претходна статија
Државата не знае кога ќе го гради експресниот пат Тетово-Јажинце
Следна статија
На 7 декември предавање и проекција на филмот „Промена на идеалите, ре-креирање на слободните простори“

Ќе се реконструира „Школка“ во скопскиот Градски парк

Објавено на 04.12.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Музичките концерти и бројните донаторски настани догодина ќе се одвиваат на реконструираната „Школка“ во Градскиот Парк. Препознатливиот белег на паркот до претстојната летна сезона ќе ги дочека посетителите комплетно саниран. Скопските власти ќе го санираат и чистат бетонскиот дел, ќе го обноват подиумот со нови плочки, ќе се санираат скалите од зданието, а предвидено е да се обнови и електричната инсталација. Градот Скопје планира да издвои над 1,5 милиони денари за оваа намена.

 

*Извор на фотографија: Град Скопје

 

Веќе кон крајот на декември ќе се знае најповолниот изведувач на реконструктивниот зафат, а градежните работи ќе започнат по доаѓањето на поволни временски прилики. Основниот проект за реконструкцијата на „Школката“ во Градскиот парк е изработена од „Хидро Градежен Инженеринг“ од Скопје.