Претходна статија
Повторно ќе се интервенира на скопскиот мост Гоце Делчев
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: „Барокниот“ објект за актерите доцни 20 месеци

Ќе се реконструира и проширува скопската градинка „13-ти Ноември“

Објавено на 23.07.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Центар инвестира во целосна реконструкција и проширување на градинката „13-ти Ноември“. Санацијата ги опфаќа канцелариите, занималните, комуникациите, санитариите, кујната и техничките простории во склоп на објектот. Од локалната самоуправа најавуваат дека ќе ги спроведат и неопходните мерки за енергетска ефикасност. „Градинката ќе стане енергетски ефикасен објект, а реконструкцијата и градењето ќе бидат со најсовремени еколошки материјали“, се вели во денешното соопштение од општина Центар.

 

* Извор на фотографија: општина Центар

 

 

Со реконструктивниот зафат ќе се промени стариот паркет и ламинат, додека отпадните фекални води од објектот ќе се дислоцираат до постоечкиот приклучок во градската канализациска мрежа. Градинката ќе добие нова електрична инсталација и прозорци. Со зафатот ќе се санираат подрумските простории, приземјето и првиот кат од објектот, каде што ќе се изведе и планираното проширување во површина. Општина Центар во овој проект вложува 28.597.958 денари, односно околу 465.000 евра. За изведувач на работите е избрана фирмата „Жикол“ од Струмица.