Претходна статија
Започна санацијата на коритото на реката Струмица
Следна статија
Владата за годинава најавува реконструкција на 60 училишта

Ќе се обновуваат фасади на репрезентативни објекти во Струга

Објавено на 11.01.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во Струга во текот на 2016 година ќе се изврши реновирање на фасадите на два објекти од староградската струшка архитектура и ќе се заврши конзервацијата на фрескоживописот во црквата „Св. Ѓорѓи“. Според информациите од Заводот и музеј – Охрид, годинава е предвидено да се реализира конзервација на куќите на Коџоман и Владо Малески. Во 2017 година ќе се реконструираат објектите на Несторови и на Ружа Ѓореска. Потребните средства се обезбедени од Министерството за култура, во рамките на проектот за возобновување на фасадите од староградската архитектура во градовите низ земјава. Во изминативе две години во Струга се спроведува и конзервација на фрескоживописот на црквата „Свети Ѓорѓи“. Последната фаза од конзервацијата на верскиот објект ќе се реализира во текот на оваа година.