Претходна статија
Ќе се врши ревизија на основниот проект за пругата кон Албанија
Следна статија
Споменикот на Мајка Тереза обвиткан со велот на тајноста

Ќе се обновува автокампот „Ливадиште“ во Струга

Објавено на 25.06.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#ЕЛЕМ планира да инвестира во обнова на автокампот „Ливадиште“ во Струга. Едно од најпознатите места за летување на крајбрежјето на Охридското езеро ќе добие нов лик – ќе се санира електричната инсталација, водоводот, канализацијата, соларниот систем за топла вода, а предвидено е да се сервисира и пречистителниот систем за отпадни води. Државната компанија ќе набави опрема за одржување на целокупниот простор. Веќе е објавен тендер за избор на фирма која што целиот простор ќе го доведе во функционална состојба и истиот ќе го опреми. Проценетата вредност на инвестицијата изнесува над 2,7 милиони денари.

 

Со реализацијата на проектот барем делумно ќе се обнови некогашниот препознатлив лик на автокампот, кој се простира на површина од 55 хектари. Покрај приколки, во рамките на кампот има продавница, кошаркарско и фудбалско игралиште, игралиште за мини голф, одбојка на плажа, бунгалови, ресторан и плажа во должина од 1,5 километри. Автокампот „Ливадиште“ во минатото бил рангиран како еден од најсредените и најубави кампови во поранешна Југославија, но и на подрачјето на Балканскиот полуостров. Покрај планираната реконструкција, ЕЛЕМ периодов се советува со консултантска куќа за евентуална изградба на туристички комплекс на оваа локација.