Претходна статија
Градете и реновирајте полесно
Следна статија
„Скопски саем“ го продава земјиштето за мега - проектот „Ера Сити“

Ќе се менува документацијата за реконструкција на Универзална сала

Објавено на 02.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Откако Министерството за култура се откажа од финансирање на замисленото јајцевидно здание на Универзална сала, раководството на оваа културна установа денеска го публикуваше огласот за пронаоѓање проектант што ќе ги измени и дополни проектите за реконструкција со надградба и доградба на постоечкото здание. Конгресниот центар Александар Македонски ќе биде сместен во обновен објект, за чија реализација е проценето дека ќе се одвојат средства во износ од околу 15 милиони евра. Само за планираните промени во проектната документација е проценето да се одвојат 12 милиони денари, без вклучен ДДВ. За потсетување, досегашните промени во политиката на развој на Универзална сала го чинеа буџетот 435.000 евра, и тоа само во делот на изготвување на проектната документација.

 

 

 

Заинтересираните бироа треба да ги достават своите понуди до Конгресниот центар Александар Македонски најдоцна до 11 април. Одлуката за реконструкција на постојниот објект на Универзална сала бил неодамна донесен на владина седница. Претходното идејно решение за обнова на концертната сала беше изработено пред осум години. Откако ќе се изработи, Советот на Град Скопје ќе мора да даде согласност за изготвениот проект за реконструкција. Финансиските средства за реконструкција и надградба на Универзална сала ќе се обезбедат од државниот буџет.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk