Претходна статија
На администрацијата и требаат девет месеци за да одлучи за судбината на „Чебрен“ и „Галиште“
Следна статија
Се продаваат 10 големи градежни парцели од касарната „Илинден“

Ќе се изработува основен проект за класицистичка фасада на зградата на МЕПСО

Објавено на 17.07.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) објави оглас за изработка на ревидиран основен проект за реконструкција и адаптација на фасадата и реконструкција на внатрешноста на постоечкото седиште на компанијата во строгиот центар на Скопје. Иако државното претпријатие уште пред речиси два месеци го избра победничкото идејно решение за надворешниот изглед на овој препознатлив објект, засега не сака да го обелодени. Интернет – порталот „Билд“ испрати прашања до МЕПСО поврзани со претстојната реконструкција на објектот, но оттаму досега не добивме никаков одговор. Извесно е само дека се работи за проект во стилот на класицизмот, како што се бараше во конкурсните критериуми.

 

 

 

На конкурсот за избор на новиот надворешен изглед на објектот победи архитектонскиот труд под шифрата „МКЗЕУ“, кој ја доби првата награда во износ од 500.000 денари, втората награда од 200.000 денари е доделена на делото под шифра „ИОНИК“, а за третонаграденото предлог решение под шифрата „СИЗИФ“ беа исплатени 100.000 денари. По изборот на идејно решение со класицистичка фасада во духот на проектот „Скопје 2014“, административниот објект на МЕПСО ќе добие основен проект, за кој своите понуди субјектите треба да ги достават најдоцна до 8 август. Од државната компанија МЕПСО не излегуваат со информации кога би требало да се објави тендерската документација за избор на градежна компанија што ќе ја изведува реконструкцијата, ниту пак сакаат да ја објават финансиската конструкција на проектот.