Претходна статија
Ќе се изготви физибилити студија и идеен проект за скопскиот булевар „Никола Карев“
Следна статија
Продажбата и закупот на државното земјиште ќе се спроведува од ЗЕЛС

Ќе се изготвува проект за ентериер за идниот објект Театар и библиотека – Тетово

Објавено на 13.03.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Ветениот нов објект на Театар и библиотека – Тетово продолжува да се изведува. Културната установа „Иљо Антески – Смок“ денеска објави тендер за избор на проектант што ќе ја изработи проектната документација за ентериерот за ова културно здание, кое во моментов се гради во Тетово. Проценетата вредност на проектната документација за втората фаза од изградбата на објектот изнесува околу 5.000.000 денари. Проектантот ќе добие четири месеци за да ја изготви неопходната документација, која што ќе треба да ја заврши најдоцна до 14 септември. Заинтересираните бироа имаат рок до 28 март за да ги достават понудите за учество во тендерската постапка.

 

 

Од овогодинешниот буџет на Министерството за култура се одвоени 250 милиони денари за довршување на изградбата на новиот објект на Театарот и библиотека во Тетово. Градежниот дел од објектот се очекува да биде завршен во текот на оваа година, иако првичниот рок за завршување на првата фаза беше декември 2017 година. Откако ќе се заврши со градежниот дел, ќе треба да следува и ентериерното уредување на идното културно здание. За изведувач на градежните работи е избрана тетовската фирма „Урбан План Конструкти“, која што треба да го заврши објектот по принципот „клуч на рака“. За изведбата на новиот објект на Театарот и библиотека – Тетово се издвоени околу 13,3 милиони евра.