Претходна статија
Жителите на Дебар Маало бараат да сопре издавањето градежни дозволи за оваа населба
Следна статија
Со ребалансот на буџет скратени 800 милиони денари за проектот „Скопје 2014“

Ќе се гради водовод и канализација во новата скопска населба Хиподром 2

Објавено на 24.08.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Гази Баба продолжува со реализација на проектот за изградба на водоводната и канализациона мрежа во новата скопска населба Хиподром 2. Денеска е распишан тендерот за реализација на инфраструктурна мрежа, со проценета вредност од околу 17 милиони денари. Заинтересираните градежни фирми имаат рок до 12 септември за поднесување на понудите за учество на тендерот. Водоводната и канализационата мрежа, која што допрва ќе се изведува, треба да претставува надградба на сето она што е веќе направено во оваа нова населба.

Општинските власти во текот на минатата година ја градеа примарната водоводна мрежа во должина од 800 метри, атмосферската канализација од 1,2 километри и фекалната канализација од околу 1 километар. Населбата Хиподром 2 ќе ја добие и планираната патна инфраструктура. Во согласност со изготвената урбанистичка документација, во оваа нова населба би се изградиле околу 300 нови куќи за индивидуално домување и 12 станбени згради за колективно домување.