Претходна статија
Автопатот од Коридор 10 ќе се комплетира до 2017 година
Следна статија
Пасивна заштита од пожари со иновативни градежни материјали

Ќе се гради нов плоштад спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“

Објавено на 09.06.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Скопската општина Карпош планира да изгради нов плоштад „Пецо Божиновски Кочо“ спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“. На просторот кај сегашното зеленило е предвидена изведба на фонтана, пешачки патеки и поставување на нова урбана опрема. Со проектот ќе се обнови и дел од зеленилото, а локалните власти планираат вакви зафати да реализираат и во други делови на општината. Градежниот сегмент од работите ќе го изведува фирмата „Лутарико“ од Скопје.

 

 

 

Од општинската каса за овој проект веќе се издвоени 24.744.600 денари (400 илјади евра). Дополнителни средства ќе се потрошат за севкупните активности предвидени за уредување на овој јавен простор. Новиот плоштад треба да биде завршен во период од 12 месеци.