Претходна статија
Обновата на конаците во манастирот „Трескавец“ ќе чини околу 1,2 милиони евра
Следна статија
Стартуваше изградбата на ТИРЗ Ранковце

Ќе се дадат под концесија уште 80 локации за мали хидроелектрани

Објавено на 05.02.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонската влада пред четири дена го објави шестиот јавен повик за давање на 80 концесии за искористување на водите за производство на електрична енергија од мали хидроелектрани. Од нив, 48 локации се групирани во 16 групи што значи дека еден инвеститор ќе треба да гради од две до четири енергетски објекти од овој вид, додека 32 концесии се наменети за изградба на по една мала хидроелектрана. Рокот на важност на концесијата изнесува 23 години, при што три се предвидени за изградба на објектите, додека останатиот период е за искористување на водата за добивање електрична енергија. Планираната вкупна инвестиција во идните мали хидроелектрани изнесува 170 милиони евра, а нивната инсталирана моќ е зацртана на 63 мегавати.

 

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми денеска ги презентираа новостите поврзани со зголемување на процентот на искористувањето на водниот потенцијал во производството на електрична енергија. За зголемување на интересот и процентот на реализација на објектите е предвидена промена на концептот на фидинг тарифи за малите хидроелектрани, а намален е и финансискиот издаток за приклучување на дистрибутивната мрежа. „Со промената на концептот на фидинг тарифи се предлага модел со блок тарифа во зависност од инсталираната моќност на хидроелектричната централа. Централите ќе бидат групирани во неколку групи и може да се очекува кај помалите централи со моќност до 1,5 мегавати фидинг тарифата да се зголеми од 4 до 6 проценти, додека кај некои кои се над 2 мегавати можно е и нејзино намалување“, изјави вицепремиерот Пешевски.

 

Заинтересираните инвеститори ќе можат да се запознаат со конкретните карактеристики на секоја локација што е предвидено да се даде под концесија. „Во соработка со ИФЦ е подготвена тендерската документација, моделот на договорот и веб порталот за малите хидроелектрични централи, кој е вграден во сајтот на Министерството за животна средина и просторно планирање“, истакна министерот Адеми. Во изминатите години се потпишаа 67 договори за изградба на мали хидроелектрани по пат на давање под концесија на водниот потенцијал од страна на државата, при што досега се реализираа само 14 од предвидените инвестиции