Претходна статија
Со пари од ЕУ санирано свлечиштето на патот Штип - Пробиштип
Следна статија
Продолжува акцијата за асфалтирање на оштетените улици во село Инџиково

Катастарот ќе формира нов Адресен регистар на Македонија

Објавено на 17.03.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Агенцијата за катастар на недвижности денеска потпиша договор за подготовка на податоци и развој на апликации за теренско прибирање адресни податоци во функција на изготвување на нов Адресен регистар на Македонија. Катастарот во наредниот период ќе работи на овој проект заедно со компанијата ГДи ГИСДАТА – Скопје. Станува збор за идна централна база за сите населени места, која ќе биде изработена во согласност со европските стандарди. За проектот се алоцирани 113.000 евра и е предвидено истиот за четири пилот-општини да биде завршен до крајот на 2017 година.

 

 

Теренското прибирање адресни податоци ќе се направи како пилот-проект во четири општини, и тоа во скопските Кисела Вода и Зелениково, Гостивар и Свети Николе. Врз основа на реализираниот проект, општините во следната фаза ќе треба да направат нумерирање и обележување на утврдените адреси на терен. При имплементацијата на адресниот регистар, благодарејќи на МАТРА-проектот финансиран од Кралството Холандија, Агенцијата ќе има експертска и техничка поддршка од стручни лица од холандскиот катастар. Адресниот регистар во иднина ќе содржи просторни и описни податоци за улиците и куќните броеви и ќе биде поврзан со Регистарот на просторни единици.