Претходна статија
Проектот за „зелениот кров“ на ГТЦ ќе биде корегиран
Следна статија
До 2021 година ќе се вози по реконструиран и надграден пат Крива Паланка - Деве Баир

Карпош заврши со субвенциите за велосипеди, Град Скопје допрва ќе ги дели

Објавено на 26.02.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Карпош денеска ја заврши акцијата за субвенционирање на набавката на велосипеди за граѓаните на нејзина територија. Паричните средства во износ од 500.000 денари се исцрпени во рекорден рок за помалку од четири недели. Локалните власти им овозможија на граѓаните поврат на средства до 30% од вредноста на купениот нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари. Третата по ред акција за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипеди започна на 1 февруари.

 

 

За оние што не успеале да учествуваат на овој јавен повик, позитивна вест е што Градот Скопје допрва ќе го објави огласот за доделување субвенции за купување велосипеди за жителите на Скопје. Во градскиот буџет за 2019 година се предвидени финансиски средства од 10 милиони денари за надомест на трошоците на граѓаните што се заинтересирани да набават велосипеди, тротинети и електрични возила на две тркала. Како и сите граѓани што живеат на територијата на Скопје, жителите на општина Карпош ќе можат да учествуваат и на овој јавен повик.