Претходна статија
ТЕМА: Бериќетна 2011 година за македонските аеродроми (ДОПОЛНЕТО)
Следна статија
Започна аплицирањето за владиниот проект „Купи куќа, купи стан“

Карпош ќе ја субвенционира изградбата на нискоенергетски објекти

Објавено на 25.01.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски, најавува донесување на нов Правилник со кој ќе се субвенционираат инвеститорите на нискоенергетски објекти на територијата на општината. Ако некој се одлучи да изгради ваков тип на објект, тогаш 20% од уплатените комуналии ќе му бидат вратени од локалната самоуправа, со што ќе се влијае врз намалување на цената на енергетски ефикасните станбени згради. Зацртаната идеја е планирано да се оствари по усвојувањето на овој документ на наредната седница на општинскиот совет.

 

Нискоенергетски објект на „Венс Инженеринг“; Извор на фотографијата: Општина КарпошГрадоначалникот Јакимовски воедно напомена дека со Правилникот ќе се дефинираат горните дозволени граници кои ќе мора да се применуваат при секоја изградба на објекти. Инвеститорите ќе бидат обврзани да ги применат мерките за термоизолација, врати и прозорци и употреба на обновливи извори на енергија, доколку сакаат да добијат градежна дозвола од страна на општината. Инаку денес беше промовиран и првиот нискоенергетски објект изграден на територијата на Карпош од страна на компанијата „Венс Инженеринг“. Новата зграда троши помалку од 50 киловат часови на метар квадратен електрична енергија на годишно ниво и ги задоволува европските критериуми за добивање „енергетски пасош“ од А – категорија.

 

 

Бојан Блажевски