Претходна статија
До крајот на месецов ќе биде отворена катната гаража кај ТЦ „Бисер“
Следна статија
Нов обид да се најде купувач на парцела за хотел во општина Аеродром

Југозападниот бедем на „Кале“ е готов, на ред е Киклопскиот ѕид

Објавено на 16.06.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Напредуваат работите на проектот за систематски археолошки истражувања, конзервација и реставрација на Скопската Тврдина. Неодамна завршија градежните активности на југозападниот бедем  во должина од 310 мет­ри – дел од тврдината кој гледа кон центарот на градот и реката Вардар. Целосно се обновени и конзервирани ѕидовите, три квадратни и една кружна кула, како и јужната порта која е изведена според проект на архитектот Митко Пренџов. Изведувач на работите беше скопската фирма „Макаус“. Во моментов во тек е тендер за конзервација, реставрација и реконструкција на североисточниот Киклопски ѕид, кој е изграден од големи четириаголни делкани камени блокови, без врзувачки материјал. Неговата состојба е алармантна бидејќи ѕидот прогресивно се навалува и на него постојат големи пукнатини.


На археолошкиот фронт, каде ископувањата започнаа на 14 мај 2007 година, во моментов е затишје. Досега е опфатен поголем дел од Калето. Копано е на површина од неколку илјади квадратни метри и пронајдена е огромна количина керамички материјал, монети и разни други артефакти. Останува да се доистражи просторот на терасата на постоечкиот ресторан и се чека на негова дислокација, за што е постигнат договор со сопствениците. Инаку археолошките ископувања на тврдината беа од отворен тип за јавноста, за да може таа непосредно да се запознае со историското наследство и да се поттикне позитивен однос и грижа кон него.


Големиот проект за ревитализација на Калето се најавува дека ќе биде завршен до 2012 година и очекувањата се дека овој културно-историски споменик ќе стане магнет за граѓаните и туристите. За остварување на таа цел ќе се работи и на уредување и анимирање на просторот. Неодамна заврши тендерот за осветлување на западниот бедем, а во план е изградба на објекти како сувенирници, кафе-ресторан, мал музејски простор и археолошки центар. За овие содржини ќе се обрне особено внимание околу нивното вклопување во амбиентот. Се најавува и реставрација на средновековната црква од 13-14 век, чии остатоци беа пронајдени при истражувањата во 2008 година.


Форумска дискусија за овој проект » овде


Галерија:

Пронајдени артефактиАрхеолошки ископувањаАрхеолошки ископувања

Киклопскиот ѕидЈужна портаЈужна порта

Обновени бедемиОбновени бедемиОбновени бедеми

Обновени бедемиОбновената кружна кула#

###