Претходна статија
Или „барок“ во кампусот на УКИМ, или ќе нема згради за ФИНКИ и за Факултетот за физичко образование?!
Следна статија
Најдоцна за пет години треба да биде изградена браната „Конско“

Јавниот превоз во Скопје ќе се плаќа со електронски картички од 1 јануари

Објавено на 15.12.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во автобусите на ЈСП – Скопје од 1 јануари 2016 година граѓаните ќе почнат да ги користат електронските картички за плаќање на билет, проект кој ќе почне да се реализира кај приватните превозници од 1 мај 2016 година. Од Градот Скопје денес известуваат дека заедно со електронското плаќање на билетите од 1 јануари ќе започне да функционира и АВЛ системот во возниот парк на ЈСП. Досега целосно е инсталирана опремата во 377 автобуси на ЈСП, која вклучува ГПС, ВЦУ (контролна единица), валидатор, фискален апарат, аудио известувања, внатрешни дисплеи во автобусите и инсталации за втор валидатор.

 

 

 

Најавуваниот старт на интегрираниот тарифен систем во јавниот транспорт е одложен од причина што предвидената бројка од 500 автобуси, кои ќе сообраќаат во градскиот превоз, се зголеми за околу 130 возила по завршувањето на огласот на кој аплицираа приватните превозници. „Сакаме да напоменеме дека опремата која се вградува во автобусите не е во сериско производство и истата се изработува исклучиво за потребите на градскиот јавен превоз во градот Скопје, а времето за изработка и достава на истата во зависност од опремата е од 2 до 4 месеци“, посочуваат од Град Скопје.