Претходна статија
Новиот пат Радовиш - Струмица ќе биде готов до март
Следна статија
Продадени парцели во индустриската зона „Македонка“ во Штип, се нудат нови парцели во индустриската зона „Жабени“

Јавна дебата по повод реконструкцијата на владината фасада

Објавено на 20.01.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Прва архи бригада, Плоштад Слобода и уште неколку граѓански организации и неформални групи, подржани од Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), утревечер организираат јавната дебата на тема „Архитектурата како историја / Историјата како архитектура“. Настанот ќе се оддржи во кино „Фросина“ (МКЦ) со почеток во 18:00 часот. Повод е огласот за избор на идејно архитектонско решение за реконструкција на фасадата на објектот на Владата на Република Македонија, за кој организаторите сметаат дека претставува обид да се уништи исклучително значајното дело на архитектот Петар Муличковски.

 

Своето учество на дебатата досега го потврдиле професорите Георги Константиновски и Јасмина Силјаноска, Сузана Милевска, претставник од ААМ и поранешниот министер за култура Ѓунер Исмаил. Организаторите очекуваат дека преку настанот ќе обезбедат простор за размена на мислења и критичка дебата не само за потегот за реконструкција на фасадата на владината зграда, туку и дискусија за проектот „Скопје 2014“. Во меѓувреме, продолжува анкетата на интернет страницата на македонската влада, а досегашното гласање на граѓаните покажува мртва трка помеѓу првите три предлози во однос на прашањето „Кое од понудените идејни решенија најмногу Ви се допаѓа и е соодветно да се реализира во периодот од 18 месеци?“.

 

 

Бојан Блажевски