Претходна статија
„Монтесори“ комплекс ќе се гради во Општина Илинден
Следна статија
Опозицијата од скопски Аеродром е против нови висококатници

Јануари носи помалку предвидени станови за градење во земјава

Објавено на 08.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Деловните субјекти и физичките лица во текот на јануари 2016 година ја започнале постапката за изградба на 319 станови, со вкупна корисна површина од 26.165 метри квадратни. Според податоците на Државниот завод за статистика, на почетокот од годинава е предвидена изградба на 16,7% помалку станови во споредба со идентичниот период лани. Македонските општини издале одобренија за градење на нови станови, чија квадратура е помала за 25,7% во однос на истиот период лани. Деловните субјекти во јануари 2016 година се стекнале со градежни дозволи за 190 нови станови, со вкупна површина од 11.557 метри квадратни. Останатите живеалишта ќе ги градат физички лица.

 

 

 

Погледно од аспект на површината, инвеститорите планираат да градат првенствено двособни (93) и четворособни станови (71). Скопскиот регион со 187 предвидени станови за градење и понатаму предничи на ниво на целата земја, во делот на вложување кај овој вид на недвижности. Општина Илинден во јануари 2016 година издала градежни дозволи за изведба на 101 нов стан на нејзина територија, а по неа следуваат Општина Охрид со 48 и Општина Карпош со 40 предвидени станови за градење. Во овие бројки влегуваат објектите за индивидуално домување и станбените згради.

 

Статистичарите пресметале дека во јануари 2016 година се издадени 263 одобренија за градење, што е за 11,4% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Предвидената вредност на сите објекти изнесува 3.108.575.000 денари, што претставува зголемување од 97% во споредба со идентичниот период лани. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 155 (58,9%) се наменети за објекти од високоградба, 42 (16%) за објекти од нискоградба и 66 (25,1%) за објекти за реконструкција.

 

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk