Претходна статија
Се надградува Музејот на вода кај Градиште
Следна статија
Поставени два лава на мостот Гоце Делчев

„Јахја Кемал“ ќе гради средно училиште во Општина Боговиње

Објавено на 24.08.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

П.С.У. „Јахја Кемал“  ќе вложи околу 5 милиони евра во својот нов средношколски комплекс кој ќе се гради крај автопатот М-4 помеѓу Тетово и Гостивар, близу клучката кај Камењане. Оваа најава следува откако вчера министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и директорот на „Јахја Кемал“, Кемал Јелдез, потпишаа договор за продажба на земјиштето на кое е предвидена реализација на проектот. Се работи за три парцели државно градежно земјиште со вкупна површина од 38.021 метар квадратен, за кои на наддавањето одржано на 29.07.2010 приватната образовна институција понудила 4.182.000 денари.