Денес стартуваше изградбата на новиот градски плоштад во Македонска Каменица кој ќе се простира на површина од 2.540 метри квадратни, јужно од црквата Преображение на Пресвета Богородица. Плоштадот ќе биде поплочен со камен и гранит, ќе има мала летна сцена за културни настани со трибина за 200 лица, како и голема централна фонтана. Висината на инвестицијата е 18 милиони денари кои се обезбедени од буџетот на Општината и од рудникот „Саса“. Изведувач е фирмата „Делта пром“, а надзорот го врши „Габер проект“. Со очекува свеченото отварање да биде на 28 август, за време на празникот Голема Богородица.
Форумска дискусија за овој проект » овде