Претходна статија
Регионалните депонии во Македонија остануваат на хартија
Следна статија
За идните музеи на „Кале“ досега се издвоени преку 1,1 милиони евра

Изгледот на новата Народна банка донација од архитекти

Објавено на 24.12.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Локацијата на која ќе се гради новото седиште на НБРМДел од архитектонската фела започна да донира идејни решенија за идните административни објекти што ќе се градат во центарот на Скопје. Авторите Никола Стакинов и Лазар Димов го донирале архитектонското решение врз основа на кое треба да се гради новото здание на Народната банка на Македонија, што ќе биде лоцирано меѓу Министерството за надворешни работи и Македонската опера и балет [»мапа]. Според денешниот напис на интернет – порталот „Плусинфо“, локацијата за изградба на планираниот објект и е доделена на НБРМ од Министерството за транспорт и врски, заедно со идејно решение со архитектонски елементи. Неговата реализација ќе стартува по комплетирањето на неопходната проектна документација. На прашањето за тоа колку ќе чини овој проект и за изворите на негово финансирање засега нема одговор.

 

Двајцата автори – донатори на идејното решение и станаа познати на јавноста со учеството во неколку проекти од „Скопје 2014“. Стакинов и Димов го изработија победничкиот архитектонски труд за барокниот објект за државните административци спроти хотелот „Бристол“, но и ги изготвија неокласицистичките проекти за менување на досегашниот изглед на неколку објекти од централното градско подрачје, инвестиција што ја спроведува Градот Скопје. Зацртано е новото седиште на НБРМ да има приземје, седум ката и поткровје со вкупна површина од 24.219 метри квадратни. Раководството на централната банка ќе треба во иднина да реши што ќе прави со огромната зграда во која моментално е сместена оваа институција, а која во изминативе години беше подложна на делумен санационен зафат.