Претходна статија
Седиштето на македонската влада ќе добие и нов ентериер
Следна статија
Цените на становите во Скопје повторно одат нагоре

Избран консултант за натамошен развој на ски – центарот Попова Шапка

Објавено на 09.10.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

извор: www.popova-sapka.mkСкопската фирма „Векон инт“ во наредните 36 месеци ќе ги советува Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) во однос на натамошниот развој на скијачкиот центар Попова Шапка. Консултантите ќе треба да и помогнат на државната компанија во изборот на приватен партнер за развој, изградба, финансирање, користење, управување и одржување на ски – центарот на падините на Шар Планина. ЕЛЕМ во претстојниот период планира да распише оглас за воспоставување јавно – приватно партнерство, преку кој треба да се избере приватен концесионер за Попова Шапка. За советодавните услуги на „Векон инт“ ќе и бидат исплатени 12,5 милиони денари, односно околу 200 илјади евра.

 

Паралелно со изборот на приватен партнер за унапредување на услугите на овој зимско – рекреативен центар, во претстојниот период треба да се објават и резултатите од тендерот за избор на компанија што ќе ја проектира и изгради новата жичара – шестосед. Овој проект тежок 30 милиони евра е дел од инвестицискиот циклус за целосна обнова на ски – центарот Попова Шапка. Покрај жичарата, во иднина треба да се работи и на реконструкција на пристапниот пат, зголемување на капацитетот на паркиралиштата, изведба на нови скијачки патеки и инсталација на опрема за вештачки снег во комплексот.