Претходна статија
На гасоводот во Струмица се гради декомпресиска станица, првите приклучоци за граѓаните во август
Следна статија
Со санација на доводите, мавровските хидроелектрани ќе го зголемат производството на електрична енергија

Има ли надеж за проектот Сончев град?

Објавено на 24.07.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По минатогодишното повлекување на израелската компанија ИБЦ (IBC, Industrial Building Corporation), повторно стигнуваат ветувања за реализација на проектот Сончев град. Заинтересираност за изградба на елитната населба на јужната страна на планината Водно, во општина Сопиште [»мапа], најави македонскиот инвеститор Стојан Дуковски, сопственик на компанијата „Клуч на рака“. Тој во изјава за денешното издание на весникот „Нова Македонија“ напоменува дека финансиските средства за подигање на комплексот ќе се обезбедат од американски банки и инвеститори. Во написот на весникот се истакнува дека изградбата на мега – проектот би требало да започне во декември годинава. Од локалната самоуправа во Сопиште сеуште го немаат изготвено новиот детален урбанистички план, иако истиот го најавија уште пред 2 години.

 

Укинатиот Урбанистички план за локалитетот Сончев ГрадДамнешната идеја за населбата Сончев град  почна посериозно да се разгледува во средината на минатата деценија. Најпрвин во времето на владата на Владо Бучковски интерес пројави германска компанија, а во 2007 година во конкуренција на домашната компанија „Гранит“, градежното земјиште со површина од 64 хектари го доби израелската ИБЦ. Израелците најавуваа инвестиција од 100 милиони евра во изградба на елитната населба со 11 згради и 603 куќи. Сепак низа проблеми меѓу кои и самиот урбанистички план кој не соодветствуваше на вистинската состојба на терен, најпрвин ја одолговлекоа реализацијата, а потоа на барање на ИБЦ во јуни 2010 година Уставниот суд ја укина одлуката со која беше донесен урбанистичкиот план. Потоа следуваше спогодбено раскинување на договорот помеѓу Владата и Израелците.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект