Претходна статија
Град Скопје ќе изготви проект за реконструкција улицата „Димитрие Чуповски“
Следна статија
Спортската сала во Куманово ќе се реконструира

И во Кавадарци ќе се субвенционира купувањето нов велосипед

Објавено на 03.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Општина Кавадарци денеска објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните за набавка на нови велосипеди. Локалните власти ќе субвенционираат до 50% од средствата вложени во купување нов велосипед, но не повеќе од 4.000 денари по лице. Доделувањето на средствата ќе се одвива по принципот „прв дојден прв услужен“, а пријавувањето на граѓаните ќе трае до моментот на исцрпување на предвидените буџетски средства од 200.000 денари, но не подолго од 31.12.2018 година.

 

Заинтересираните граѓани треба да достават пополнето барање за субвенција, заедно со доказ за жителство, копија од трансакциска сметка и доказ дека е извршена набавка на нов велосипед. Еден жител на Кавадарци може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок за купување на еден велосипед. Општина Кавадарци е првата локалната самоуправа надвор од Скопје што ја субвенционира набавката на нови велосипеди за граѓаните.