Претходна статија
Водно доби жичарница
Следна статија
Отворен реновираниот базен „Младост“ во Карпош

И во април помалку издадени градежни дозволи

Објавено на 06.06.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Како и во март, така и во април годинава градежните активности во земјава се намалуваат, а како главен индикатор за тоа се бројот на издадени одобренија за градба. Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2011 година се издадени 220 одобренија за градба, што претставува намалување од 5,6% во однос на истиот месец лани. Во согласност со одобренијата за градба, статистичарите пресметале дека предвидената вредност на објектите е за дури 33,3% помала во споредба со април 2010 година.

 

 

Огромен е падот кај издадените одобренија за градба во однос на предвидените станови, дури за 44,6% е помала бројката на предвидени станови во април 2011 година, односно предвидена е изградба на 367 станови со површина од 30.671 метри квадратни. Според соопштението од статистика, за 13% е намален бројот на издадени дозволи за градба во секторот нискоградба и за 11,3% е помала сумата на одобренија за градење во секторот високоградба.

 

Единствено зголемување од 34,6% е забележано кај издадените дозволи за реконструкција на објектите. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 165 (75%) се наменети за објекти од високоградба, 20 (9,1%) за објекти од нискоградба и 35 (15,9%) за објекти за реконструкција. Статистичкиот биланс укажува дека на 169 (76,8%) објекти како инвеститори се јавуваат физички лица, додека кај 55 (23,2%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

 

 

Бојан Блажевски