Претходна статија
Ќе се обнови коловозот и тротоарите на главната сообраќајница во Шуто Оризари
Следна статија
Владата ќе гради нов објект за Државниот архив

И Радовиш сака да се гасифицира до крајот на 2020 година

Објавено на 03.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Општина Радовиш ќе изработува техничка документација за гасификација на овој град од југоистокот на земјава. Изведбата на гасоводната мрежа би се завршила до крајот на 2020 година и ќе чини околу 1.000.000 евра. Градоначалникот на Радовиш Герасим Конзулов деновиве оствари средба со раководителот на проектантската фирма ФИЛБИС Дооел Скопје и разговараше за изработка на техничка документација и основен проект за реализација на гасификацијата на општината.

 

 

„Општина Радовиш е помеѓу првите десет општини во Република Македонија, која има побарано изработка на техничка документација за гасификација на општината со што ќе се создаде можност за аплицирање за изработка на мрежа за гасификација, која доаѓа од Република Бугарија, па преку Струмица, цевководот ќе поминува и кон Радовиш“ соопштуваат од општина Радовиш. Во наредниот период ќе се изработи тендерска документација, во согласност со техничката документација, со цел распишување на тендер за јавна набавка по овој капитален проект.