Претходна статија
„Метропол“ ќе порасне на осум ката и ќе добие купола
Следна статија
Ќе се гради нова полициска станица во Ѓорче Петров

И пристапна улица за плоштадот „ВМРО“

Објавено на 30.01.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градот Скопје е во потрага по градежна компанија што ќе ги изведува работите за изградба на пристапна улица околу замислениот плоштад „ВМРО“, лоциран пред седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Од градскиот буџет е предвидено да се одвојат финансиски средства во висина од 20.426.417 денари за овој градежен зафат, односно околу 330.000 евра без вклучен ДДВ. Заинтересираните фирми треба да ги достават своите понуди најдоцна до 20 февруари, за кога е закажано и нивното јавно отворање.

 

 

Плоштадот „ВМРО“ со површина од 681 метри квадратни треба допрва да се гради. За изведувач на работите е избрана компанијата „Урбан инвест“ од Кавадарци, на која за проектот ќе и бидат исплатени финансиски средства во износ од 1,3 милиони евра. На идната јавна површина е планирано да се постави спомен обележје и фонтана, за кои идејниот проект за нивното подигање го изработи скулпторката Елена Дуковска.

 

 

Бојан Блажевски