Претходна статија
Две згради на булевар „Св. Климент Охридски“ со нови фасади
Следна статија
„Рапид Билд“ ќе го гради гасоводот Штип - Неготино

И Општина Аеродром ќе реконструира фасади на станбените згради

Објавено на 26.04.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По примерот на скопските општини Центар и Карпош, локалната самоуправа од Аеродром се одлучи да им помогне на граѓаните во спроведувањето на мерките за енергетска ефикасност. Општина Аеродром деновиве распиша повик за изработка на проекти за реконструкција на фасади на нејзината територија. „Во првата фаза ќе бидат опфатени 18 најоштетени згради, кои ќе ги одбере комисија специјално формирана за таа цел, составена од експерти од општината, поточно архитекти и урбанисти“, информираат од Општина Аеродром.

 

 

 

Од Аеродром најавуваат дека реализацијата на овој проект ќе започне од идната година, а на годишно ниво е планирано да се вклучат од 10 до 20 станбени објекти. За изработка на неопходната документација за претстојниот зафат ќе се очекува дека ќе бидат потребни околу 39.000 евра. Проектите за реконструкција на фасадите е планирано да се подготват најдоцна за 12 месеци. Заинтересираните проектантски бироа се должни да ги достават своите понуди до Општина Аеродром до 12 мај.