Претходна статија
Избран консултант за изградба на автопатот Демир Капија - Смоквица
Следна статија
Јужниот булевар ќе оди под земја, а над него ќе се гради огромен објект

И објектот на Владата ќе се обвитка во „барок“?

Објавено на 12.01.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Владата на Република Македонија на својот интернет – портал денеска ги објави петте пристигнати трудови на огласот за изнаоѓање на идејно архитектонско решение за реконструкција на фасадата на објектот на извршната власт. Од предложените, две решенија нудат барокен и неокласицистички стил како иден изглед на зградата на Илинденска б.б., во духот на проектот Скопје 2014. Македонските граѓани ќе можат да го изберат решението што најмногу им се допаѓа, а финалната оценка од анкетата ќе биде од значајна корист за стручната анализа при понатамошните постапки. Според досегашниот избор на корисниците на интернет кои го посетиле порталот на Владата, најголема е конкуренцијата помеѓу првото и второто пристигнато решение на конкурсот со благо водство на неокласичниот предлог.

 

Проектот за реконструкција на постојната фасада на владината зграда предвидува обновување, репарација и санација на прозорците и фасадата, за што беше објавен оглас од страна на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија. Авторот на сегашниот изглед на објектот, Петар Муличковски, во изјава за телевијата „Алфа“ уште пред 3 месеци побара да му се почитуваат авторските права за неговото архитектонско решение на објектот и најави дека нема да учествува на објавениот оглас за претстојната реконструкција на зградата.

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

 

Конкурсно решение бр.1

 

 

 

 

 

 

 

 

Конкурсно решение бр.2

 

 

 

 

 

 

 

 

Конкурсно решение бр.3

 

 

 

 

 

 

 

 

Конкурсно решение бр.4

 

 

 

 

 

 

 

 

Конкурсно решение бр.5

 

 

 

 

 

 

 

Бојан Блажевски