Претходна статија
Решение за хигиенски и трајно сигурен водоводен систем во вашиот дом
Следна статија
Ќе се работи на основни проекти за плажите во Охрид

Хотел „Ибис“ подготвен да ги прими посетителите на Скопје

Објавено на 01.03.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По две и пол години од почетокот на градежните работи, хотелот „Ибис“ во центарот на Скопје [»мапа] е спремен да ги прими своите први гости. На веб – страницата на овој меѓународен ланец на хотели веќе е впишан нивниот објект во македонската метропола, од каде што може и да се резервира соба. Спаѓа во категоријата на хотели со четири ѕвезди и во негов состав има 110 соби. Сместувачкиот капацитет обезбедува и соби за лица со инвалидитет, со решен пристап во зданието. Хотелот располага со фитнес центар и базен, а има и сопствен паркинг за велосипеди, како и можност за нивно изнајмување од посетителите.

 

Објектот има приземје, седум ката и поткровје. Проектната документација ја изработи „Гемма инженеринг“ од Скопје, додека градежните активности за изведба на хотелот ги реализираше фирмата „НБ Компани“ од Тетово. Како инвеститор во хотелот „Ибис“ се јавува „Евро балкан хотелс“, кој е и носител на франшизата. Брендот „Ibis Hotels“ е во сопственост на француската групација „Accor“, која располага со 3.600 хотели на пет континенти и имаше пресметана добивка од 126 милиони евра во 2013 година.

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

 

 

 

 

 

Текст, фото: Бојан Блажевски