Претходна статија
На едноставен начин до извод од ДУП во општина Центар
Следна статија
Пуштена бродската линија од Охрид до Поградец

ГТЦ работи со загуби, но ќе најде пари за барокизација

Објавено на 16.06.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Архитектонското студио „Архитектоника“ продолжува со изработката на основниот проект за реконструкција и надградба на Градскиот трговски центар во Скопје. Директорот на ГТЦ, Аго Абазовски во изјава за „Утрински весник“ вели дека наскоро ќе се заврши изработката на проектната документација, додека со теренска работа ќе се започне претстојнава есен. Според него, допрва ќе се одлучува како ќе се затвори финансиската конструкција за барокизација на најстариот трговски центар во земјава. Еден од финансиерите ќе биде ГТЦ, постои можност да се вклучи македонската влада, но и да се искористи можноста за мешовито концесионерство.

 

Останува непознато како би можело раководството на ГТЦ да се вклучи во реализацијата на обемниот градежен проект, ако се земе во предвид дека ова претпријатие работи со загуби на почетокот од 2014 година. Според податоците од билансот на успех на ГТЦ за првите три месеци, ова акционерско друштво бележи загуба од 2.922.000 денари или речиси 50 илјади евра. Со вакви резултати истото нема да може финансиски да ја покрие планираната надградба од проектот „Скопје 2014“.

 

Раководството на ГТЦ на крајот од мај 2013 година го избра идејното решение на архитектите Жарко Чаушевски и Филип Богатинов за реконструкција и надградба на трговскиот центар. Со замислата од трудот е предвидено да се изведат три куполи и десетици антички столбови. На ова решение жестоко се спротивстави Асоцијацијата на архитекти на Македонија со организирање протести.