Претходна статија
Во 2011 биле изградени 5.254 станови, нивната цена паднала за 3,8%
Следна статија
Катната гаража спроти „Макпетрол“ наскоро готова, за онаа кај „Беко“ ќе се раскинува договорот

Грант од три милиони евра за реновирање на 16 училишта

Објавено на 22.09.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Шест средни и десет основни училишта во земјава ќе бидат реновирани со средства од Банката на Советот на Европа. Се работи за грант во висина од три милиони евра, со кој ќе се подобрат условите за образование на над 17 илјади ученици. Предвидената реконструкција и модернизација ќе ја опфати и надворешноста и внатрешноста на објектите. Ќе се интервенира врз прозорците, крововите, подовите, инсталациите за греење, санитарните јазли и фасадите. Договорот со Банката на Советот на Европа ќе биде потпишан до крајот на месецов, а потоа ќе следи постапка за избор на економски оператори за проектирање и за вршење градежни работи.

 

Со проектот се опфатени средните училишта: „Кочо Рацин“ во Велес, „Љупчо Сантов“ во Кочани, „Таки Даскало“ во Битола, „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово и „Ибрахим Темо“ во Струга. Основни училишта кои ќе се реновираат се „Коле Канински“ во Битола, „Наим Фрашери“ во Врапчиште, „Ванчо Прке“ во Штип, „Живко Чинго“ во Охрид, „Братство Единство“ во Гостивар, „Кочо Рацин “ во Кратово, „Браќа Миладиновци“ во Куманово, „Маршал Тито“ во Муртино, „Свети Кирил и Методиј“ во Велес и „25 Мај“ во Скопје.