Претходна статија
До крајот на 2019 година ќе биде изградена пругата Куманово - Бељаковце
Следна статија
Ќе се повтори тендерот за изградба на новата ограда во затворот „Идризово“

„Гранит“ за 543 милиони денари ќе реконструира 4 патни правци низ земјава

Објавено на 04.03.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градежната компанија „Гранит“ од Скопје е избрана за изведувач на реконструкцијата на 4 патни правци низ земјава. Јавното претпријатие за државни патишта ја избра оваа фирма за рехабилитација на државниот пат А2, на потегот меѓу Ранковце и Крива Паланка. Вредноста на овој договор е над 159 милиони денари, додека градежните работи треба да се завршат во рок од 458 дена, се наведува во известувањето објавено на веб – страницата на Македонска берза.

 

 

За реконструкција на обиколницата околу Кочани на државниот пат А3 се издвоени над 102 милиони денари, додека периодот на изведба на проектот е 244 дена. Меѓу потпишаните 4 договори е и рехабилитацијата на регионалниот пат Пробиштип – Крупиште, за кој се издвоени над 212 милиони денари. Скопски „Гранит“ ќе ја врши и санацијата на регионалниот пат Куманово – Никуштак, за што од буџетот на ЈП за државни патишта се издвоени над 68,7 милиони денари.