„Гранит“ за 543 милиони денари ќе реконструира 4 патни правци низ земјава
Градежната компанија „Гранит“ од Скопје е избрана за изведувач на реконструкцијата на 4 патни правци низ земјава. Јавното претпријатие за државни патишта ја избра оваа фирма за рехабилитација на државниот пат А2, на потегот меѓу Ранковце и Крива Паланка. Вредноста на овој договор е над 159 милиони денари, додека градежните работи треба да се