Градежната компанија „Гранит“ од Скопје е ангажирана за санација на свлечиштата на четири патни правци во земјава. Јавното претпријатие за државни патишта ја избрала фирмата за изведувач на реконструкцијата на свлечишта на патните правци Лакавица – Неготино, Делчево – Берово и Битола – Новаци. Градежните работи ќе се одвиваат во рок од 12 месеци. Од државниот буџет за обнова на постојните свлечишта на овие патни правци се одвоени финансиски средства од 72.733.356 денари.
Од „Гранит“ посочуваат дека од Програмата за развој на Обединетите Нации УНДП се ангажирани за рехабилитација и стабилизација на свлечиштето и на регионалниот пат Крупиште – Пробиштип. За инфраструктурниот зафат се обезбедени 14.549.803 денари, додека изведбените работи треба да се комплетираат во временски период од осум месеци.