Претходна статија
ТЕМА: Инвестиции и стручна анализа пред воведување на зонско паркирање во градовите
Следна статија
Градежниците против предложените измени во Законот за градење

„Гранит“ ќе ја изведува втората фаза од проширувањето на прилепскиот булевар „Александар Македонски“

Објавено на 24.09.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Локалната самоуправа од Прилеп ја избра градежната компанија „Гранит“ од Скопје за најповолен понудувач за реализација на втората фаза од проширувањето на булеварот „Александар Македонски“, на потегот од бензинската пумпа на „Макпетрол“ до крстосницата кај фабриката „Солидарност“. Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески денеска изјави дека централата на Светската банка во Вашингтон одобрила дополнителни 800.000 евра за проектот што предвидува проширување на оваа сообраќајница во должина од 1.200 метри. Градежните работи треба да започнат во претстојниот период, а со зафатот ќе се изгради и кружен тек на местото на постоечката крстосница кај фабриката „Солидарност“.

 

Како и во првата фаза, ќе бидат изведени четири коловозни ленти, по две во двата правци, патеки за пешаци и велосипедисти и ќе биде поставено ново осветлување. Завршениот сегмент на потегот од влезот во градот од страната на Скопје до бензинската пумпа на „Макпетрол“ беше отворен за сообраќај на крајот од август годинава. Во првата етапа се комплетираа 800 метри од трасата, во кои се инвестираа околу 30 милиони денари преку кредит од Светската банка.