Претходна статија
Од 1 јануари ќе поскапат билетите за возење со ЈСП-Скопје
Следна статија
За младите до 35 години субвенции за купување на куќа

„Гранит“ ќе ја гради пешачко – велосипедската патека на езерото Козјак

Објавено на 17.12.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Нова можност за развој на рекреативниот велосипедизам во земјава. ЕЛЕМ ќе финансира изградба на пешачко – велосипедска патека на крајбрежјето на езерото Козјак, чија должина изнесува 32 километри. Новата содржина на вештачкото езеро во непосредна близина на Скопје е зацртано да се комплетира во рок од 12 месеци. Во конкуренција на четири понуди, компанијата „Гранит“ од Скопје е избрана за изведувач на градежните работи. Од ЕЛЕМ за овој проект ќе одвојат 38.178.179 денари, односно околу 620.000 евра. Надзорот над градежните работи ќе го врши фирмата „ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др“ од Скопје.

 

 

 

За изградба на пешачко – велосипедската патека на крајбрежјето на езерото Козјак веќе е изработена неопходната проектна документација. Во согласност со изнесените податоци на веб – страницата на Бирото за јавни набавки, овој инфраструктурен објект би требало да биде завршен до крајот на 2016 година.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk