Претходна статија
Приватниот сектор заинтересиран за гасификацијата на скопскиот регион
Следна статија
И Прилеп сака да гради аква - парк

Граѓански активисти со потписи против уништувањето на Водно

Објавено на 19.03.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По два планинарски марша до врвот на Водно, граѓанската иницијатива „Спас за Водно“ започна со собирање потписи против масовната урбанизација и уништувањето на шумата на падините на оваа планина. Граѓаните можат да го дадат својот потпис секој ден од 11 до 17 часот на пунктот за потписи што е поставен на улицата „Македонија“, во непосредна близина на спомен – куќата на Мајка Тереза. Причината за продолжување на иницијативата лежи во непречената изградба на објектите што се реализираат на неколку локации во Парк – шумата Водно. Од граѓанската иницијатива нагласуваат дека треба да запре изградбата на комерцијални објекти на планината, сечењето на шумата и уништувањето на спокојот на животните. Оттаму повторно го потврдуваат барањето за дефинирање на границите на Парк – шумата и нејзино ставање под заштита на државата.

 

 

 

И додека загрижените граѓани се обидуваат преку демократски процедури да реагираат на уништувањето на Водно, на терен изведувачите работат на неколку градилишта. Покрај пробивањето на патот „Сончев град“, наскоро треба да започне да се гради и водоводната мрежа за елитната населба, преку искористување на водниот потенцијал на Патишка Река. ЕЛЕМ по заинтересирани инвеститори за изградба на скијачкиот центар, што ќе значи и натамошно сечење на шумскиот појас во функција на изведба на ски – патеките.

 

На врвот на Водно се гради Телекомуникациската кула, на подножјето непречено се градат нови станбени згради, а општина Карпош продолжува да ја спроведува постапката за изработка на урбанистички план за легализација на дивоградбите од населбата „Шпанско село“.

 

 

» Форумска дискусија за Парк – шумата Водно