Претходна статија
Во сабота архитектонска изложба и дискусија во Железничката зграда во Скопје
Следна статија
Се наѕира ли проблем со парното греење во Скопје?

Граѓаните да побрзаат со постапката за легализација на дивоградбите

Објавено на 21.06.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески од Штип денеска побара граѓаните да побрзаат со доставувањето документи за легализација на бесправно изградените објекти. На 30 јуни истекува рокот за поднесување барање за легализација на дивоградбите. Постапката ќе мора да се повтори и за оние објекти што досега не ја комплетирале целокупната документација, вклучувајќи го и геодетскиот елаборат. Воедно, до крајот на годинава истекува рокот за поднесување барање за оние граѓани што никогаш досега не поднеле никакво барање за легализација.

 

„Бидејќи рокот за достава на барања истекува до крај на овој месец, сакам да апелирам до сите граѓани кои сè уште ја немаат поднесено потребната документација, да го направат тоа што побрзо, бидејќи после тоа не размислуваме за продолжување на роковите“ изјави министерот Горан Сугарески. Статистичките податоци покажуваат дека во изминативе години се легализирани над 200.000 дивоградби низ целата земја. Сепак, ваквата бројка означува дека само над 50% од вкупното поднесените барања во изминативе години се навистина процесуирани и целокупната постапка е завршена.

 

Постапката за легализација на бесправно изградените објекти започна во март 2011 година, но крајниот рок за нејзино целосно завршување останува голема недоумица. Министерот Горан Сугарески денеска додели решенија за легализација на бесправно изградени објекти на неколку жители од Штип. Тој ги предупреди граѓаните дека сите оние лица што нема да ги запазат крајните рокови ќе немаат можност за легализација, односно со нивните објекти ќе се постапува согласно Законот за бесправно изградени објекти.