Претходна статија
Градот во потрага по идејно решение за реконструкција на фасадите на објектите долж булеварот „Илинден“
Следна статија
2,25 милиони евра за обуките за енергетска ефикасност

Градскиот плоштад во Пехчево ќе добие нов лик

Објавено на 02.07.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Локалната власт ја започна реализацијата на проектот за уредување на централното градско подрачје во Пехчево. Со него е предвидено да се реконструира постоечкиот градски плоштад со површина од 2.500 метри квадратни, вклучувајќи и поставување на фонтана и нова урбана опрема. За остварување на градежниот зафат, Општината потпиша договор со компанијата „Форма“ од Струмица во вредност од 4.656.983 денари или околу 75 илјади евра. Финансиските средства за реконструкција на градскиот плоштад во Пехчево се обезбедени од локалниот буџет и од Швајцарската агенција за развој. Изведбените активности е планирано да завршат најдоцна до крајот на август, а свеченото пуштање во употреба е предвидено за почетокот на септември.