Претходна статија
Градежниот сектор апстинира од изградбата на нови станови
Следна статија
ЕЛЕМ ќе гради нова жичара на Попова Шапка

Градската болница „8-ми Септември“ ќе добие нови простории за дежурната служба

Објавено на 10.08.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Друштвото за инженеринг и проектирање „ДОТ Архитекти“ од Скопје е избрано како најповолен понудувач за доградба и реконструкција на дел од дежурната служба на Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје, која не е опфатена со неодамнешната донација на НАВФАЦ и амбасадата на САД. Зафатот треба да се реализира во наредните 12 месеци, а вредноста на потпишаниот договор изнесува 52.649.418 денари или околу 850 илјади евра. Паралелно со овој проект, во наредните неколку месеци во здравствената установа ќе се реализира и доградбата на две операциони сали од дежурната служба со површина од 67 метри квадратни, во кои ќе биде поставена и нова современа опрема. Овој проект во висина од 450 илјади долари се спроведува преку донација на Европската команда на американската армија.

 

* Новиот Центар за дијализа при Градската општа болница „8-ми Септември“, фото: архива на „Билд“

 

 

Во изминатиов период се извршија неколку санациони интервенции врз Градската општа болница во Скопје. „ДОТ Архитекти“ веќе учествуваше во реализацијата на еден од поголемите зафати – изведба на Центарот за хемодијализа на површина од 700 метри квадратни. Оваа инвестиција во висина од 89 милиони денари беше целосно завршена минатата есен, со што беа обезбедени 30 места за дијализа на деветтиот кат од болницата.