Претходна статија
Ќе се адаптираат дел од содржините во објектот на македонската влада
Следна статија
Поголема добивка на фабриката Карпош на почетокот од 2014 година

Градот Скопје со сопствени средства ќе го обновува Луна паркот

Објавено на 24.06.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски на денешната седница на Советот на Град Скопје најави дека обновата и модернизацијата на Луна паркот ќе се реализира со пари од градскиот буџет. Реновирањето ќе се одвива во неколку етапи и се очекува да се потрошат вкупно 7 милиони евра. „Веќе од следната година ќе почнеме да издвојуваме средства од буџетот и ќе побараме од Владата во рамки на нејзините можности да ни помогне во реализацијата на овој проект“, изјави Трајановски.

 

 

 

Градската власт денеска ја поништи постапката за воспоставување јавно – приватно партнерство за изградба на забавниот парк, со што и официјално се откажа од намерата да се пронајде приватен партнер за овој проект. Главната причина за овој потег е што ниту еден субјект не се заинтересирал за доставување понуда на неколкуте јавни повици што се распишуваа во изминативе неколку години. Од друга страна, советниците на опозициската партија СДСМ денеска побараа финансиските средства за Панорамското тркало да се пренаменат за изградба на Луна паркот.

 

„Наместо Коце Трајановски да троши цели 15,5 милиони евра за ново Панорамско тркало во реката Вардар, СДСМ и коалициските партнери предлагаат овие средства од програмата на ЈСП Скопје да се пренаменат за целосна обнова на постоечкиот Луна парк“, истакна советникот од СДСМ Дамјан Манчевски. Оваа идеја на опозиционерите не беше прифатена од владејачкото мнозинство во градскиот совет.

 

Луна паркот е единствениот забавен парк на територијата на главниот град и не е реконструиран веќе неколку децении наназад. Овој објект се простира на површина од 25.327 метри квадратни и се наоѓа во рамките на Градскиот парк.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект