Претходна статија
Ќе се уредува просторот од плоштад „Македонија“ кај неизградените Шпански скали
Следна статија
Привршува изградбата на Премиум деловниот центар на Мак АутоСтар

Град Скопје годинава изградил 14,6 km нови велосипедски патеки

Објавено на 25.12.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

56,5 милиони денари годинава биле одвоени од скопскиот градски буџет за изградба и реконструкција на велосипедски и пешачко – велосипедски патеки во главниот град. Град Скопје денеска информираше дека во последните 14 месеци се завршени патеки за велосипедистите во должина од 14,6 километри. „За само една година е изградена и реконструирана 4 пати поголема должина на велосипедски патеки од просекот во претходните години“, изјави Никола Наумоски, раководител на Секторот за поддршка на градоначалникот. Тој појасни дека сите патеки се изведени во согласност со стандардите кои предвидуваат слеани рабници, заобиколување на автобуските станици, заштита со столпчиња и соодветна сигнализација.

 

 

Од Град Скопје информираат дека догодина ќе продолжат да се градат и реконструираат велосипедски патеки во должина од над 16 километри. Нивниот план е за две години од денес да се оформи развиена велосипедска мрежа што ќе ги поврзува сите скопски населби, со што ќе се овозможи користење на велосипедот како алтернатива на автомобилскиот транспорт.