Претходна статија
И без Субрата, Владата решена да никнат хотели кај Љубаништа
Следна статија
Пет станбени згради во Прилеп со подобрена енергетска ефикасност со помош на „Хабитат“ и УСАИД

Големо гушкање на ГТЦ во четврток, поддршка за референдумот и од сопствениците на дуќани во трговскиот

Објавено на 21.04.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Во организација на граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“, во четврток (23 април) со почеток од 20 часот ќе се одржи голем завршен настан пред референдумот на 26 април. Најавено е уште едно гушкање на ГТЦ, а присутните ќе ги забавуваат: Флека (Тони Зен + Бенд), ТНЦ за ГТЦ (Златко Ориѓански + песни од „Солун град на духови“), Ана Костовска и Симон Киселички, Бени и Нон Стоп, Самакутра бенд. Собирот ќе се одржи на влезот во трговскиот центар од страната на плоштадот. „Ова ќе биде уште едно големо гушкање на ГТЦ придружено со многу музика и насмевки. Да го гушнеме ГТЦ! Да го гушнеме модерно Скопје!“, повикуваат организаторите.

 

Поддршка на референдумот денеска упати и Здружението на сопственици на деловен простор во ГТЦ. „Овде сум да го изразам ставот на здружението на сопственици на ГТЦ во однос на поддршка на референдумот бидејќи ние сме за модернизација и осовременување на ГТЦ, но не и ова што се прави сега. Повеќе од 80 отсто од дуќаните се продадени на физички или правни лица, а сопствениците не се информирани буквално за ништо што се случува. Ние го поддржуваме референдумот и повикуваме граѓаните масовно да излезат на референдум“ изјави Марјан Огњановски, поранешен претседател и сегашен член на Здружението.