Претходна статија
Софија од денес домаќин на интересна саемска манифестација
Следна статија
ФФМ ќе помогне во реконструкцијата на стадионот во Тетово

Главната пошта во Скопје влегува во агендата за реконструкција

Објавено на 11.03.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Враќањето на препознатливиот архитектонски изглед на зданието „Пошта – 1“ конечно се најде во работната агенда на Македонски пошти. Компанијата денеска го распиша огласот за пронаоѓање изведувач што ќе ги промени светлосните куполи над шалтер – салата во објектот што го краси центарот на Скопје. Најавениот реконструктивен зафат доаѓа откако целосно беа санирани канцелариските простории на дирекцијата на Македонски пошти. Како дополнителна обврска, допрва треба да се изврши санација на шалтерската сала. Еден од најрепрезентативните ентериерни простории во главниот град во иднина ќе биде вклучен во владиниот проект за едношалтерски систем, во кој граѓаните ќе можат да завршат дел од административните обврски.

 

 

 

Идејниот проект за обнова и ентериерно уредување на шалтерската сала во главната пошта засега не е даден на увид на македонската јавност. Она што досега се знае е дека уништениот мурал на уметникот Борко Лазески нема да биде обновен. Кога станува збор за изведбата на светлосните куполи на објектот, Македонски пошти во зафатот планира да инвестира 5 милиони денари, без вклучен ДДВ. Рокот за реконструкција на овој дел од објектот „Пошта – 1“ треба да се комплетира во рок од 12 месеци, додека градежните компании треба да ги достават своите понуди за учество на тендерот до 31 март.

 

Шалтер – салата, некогашните куполи и дел од канцеларискиот простор на главната пошта настрадаа во катастрофалниот пожар во јануари 2013 година. Огнените јазици проголтаа дел од архитектонскиот труд на авторот Јанко Константинов, за чија бравурозност и визионерска идеја тој ја доби државната награда „11 Октомври“ во 1975 година.

 

 

Текст, фото: Бојан Блажевски