После многу перипетии, падна уште една голема пречка на патот за реализација на проектот G Mall во Скопје. Советот на Општина Карпош на својата 12-та седница конечно го усвои деталниот урбанистички план за локалитетот „Алумина“. Овој детален урбанистички план е еден од приоритетните планови на Владата и со неговото усвојување се отвора пат за реализација на странска инвестиција вредна 120 милиони евра. Израелците од Gazit-Globe сега можат да почнат со вадење на дозволи. Понатамошни пречки не се очекуваат. Решен е и проблемот што настана со објектот на К-15.
Засега планот останува недостапен за јавноста. Од Заводот за урбанизам на Македонија (изготвителите на ДУП-от) уверуваат дека наскоро до општината ќе го достават во електронска форма во која ќе биде достапен за сите. Во меѓувреме продолжува рушењето и расчистувањето на просторот кај фабриката „Алумина“. Се најавува градежните работи на комплексот да почнат во првата половина на 2010.
Форумска дискусија за овој проект –> овде