Претходна статија
На продажба ќе одат 23 државни локации
Следна статија
„G Mall“ поблиску до реализација

Втор обид за нова автобуска станица во Прилеп

Објавено на 16.11.2009 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Планираната автобуска станица во ПрилепМинистерството за транспорт и врски објави постапка за отуѓување на неизградено градежно земјиште во Прилеп, наменето за изградба на автобуска станица. Земјиштето со површина од 4.267 метри квадратни и почетна цена од 500 денари за метар квадратен се дава под долготраен закуп од 40 години. Парцелата е опфатена со урбанистички план УАЕ бр. 21, дел урбан блок 21/2. Објектот треба да биде висок 7,2 метри и со површина од 413 метри квадратни, а ќе се гради непосредно до постоечката железничка станица, со што ќе се заокружи транспортниот центар во Прилеп.

 

Пријавите за учество треба да се достават во министерството најдоцна до 21.12.2009. Постапката ќе се одвива по пат на електронско јавно наддавање кое е закажано на 30.12.2009. Минатата година, во првиот обид, општината не успеа да го реализира проектот преку јавно-приватно партнерство.

 

 

 

Форумска дискусија за овој проект –> овде