Претходна статија
Ќе се реконструира објектот на Народно-универзитетската библиотека
Следна статија
900 милиони денари ќе отидат на Рајски парк во општина Аеродром!

ФОТО ВЕСТ: Се шлака творбата на архитект Зоран Штаклев

Објавено на 09.05.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Со несмалено темпо продолжува проектот за „барокизација“ на административното седиште на МЕПСО во центарот на Скопје. Откако се комплетираше првиот дел од зградата, стилот на „Скопје 2014“ деновиве започна да се прелева и на преостанатиот дел од авторското здание на архитект Зоран Штаклев. Изведбениот зафат на терен се одвива преку отстранување на некогашната стаклена фасада, по што следува повторна изведба на нов надворешен ѕид од административната зграда. Воедно, градежните екипи ги изведуваат новите антички столбови врз препознатливите бетонски опори што го красеа ова архитектонско дело.

 

###

###

###

 

 

Целосната промена на изгледот на творбата на архитект Штаклев се одвива речиси две и пол години наназад. За „барокизацијата“ на ова административно здание досега се потрошени над 650.000.000 денари, односно над 10,5 милиони евра. Градежните работи на терен ги изведува фирмата „Бетон“ од Штип. Менувањето на некогашниот лик на објектот се врши врз основа на изработениот проект од бирото „Неимар инженеринг“, додека надзорот над изведбата го реализира „Давос Инвест“ од Скопје.

 

Вклучувањето на еден од објектите на Телекомуникацискиот центар во проектот „Скопје 2014“ беше најавено на почетокот од 2013 година од страна на државната компанија МЕПСО. Тогашното образложение беше дека треба да се подобри енергетската ефикасност на самата зграда. Архитектонското дело на авторот Зоран Штаклев е реализирано во периодот 1987-1989 година, со тоа што на почетокот служело како седиште на Републичкиот диспечерски телекомуникациски центар.

 

 

Текст, фото: Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk