За околу еден месец се очекува отворањето на новата државна административна зграда, лоцирана веднаш до хотелот „Бристол“ во Скопје [»мапа]. Во објектот кој од неодамна го понесе името Палата „Панко Брашнаров“, простории ќе имаат Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, АДСДП и Службата за општи и заеднички работи на владата.
Изградбата на Палатата „Панко Брашнаров“ досега ја чинеше државата околу 4,4 милиони евра, без вкалкулирани трошоци за ентериерното уредување. Изведувач на градежните работи е фирмата „Декон – Ком“, а надзорот го врши Градежниот институт „Македонија“. Проектот го изработи „Прима инженеринг“, врз основа на идејното решение на архитектите Жарко Чаушевски и Никола Стакинов.
» Форумска дискусија за овој проект